На оваа страница:

Што ми треба пред да почнам?

Како да се споредуваат понудите за енергија на Victorian Energy Compare

Што ми треба пред да почнам?

Како да се споредуваат понудите за енергија на Victorian Energy Compare

1. Почеток

Посетете ја интернет страницата на Victorian Energy Compare на compare.energy.vic.gov.au. Одберете го видот енергија што сакате да го споредувате и, за почеток, кажете ни нешто за вашето домаќинство или бизнис.

Совет: Ако сакате да споредувате и за струја и за гас, одберете еден вид енергија и другиот додадете го кога ќе дојдете на страницата Достапни понуди (Available Offers).

2. Пополнете го прашалникот

Одговорете на неколку прашања за користењето на енергија во вашето домаќинство за да ни помогнете да направиме енергетски профил. Вашиот енергетски профил ќе го користиме за да откриеме понуди на енергија што се најдобри за вас.

Совет: Ако не го знаете одговорот, побарајте ги копчињата i кои даваат совети за некои од прашањата. Ако и натаму не сте сигурни, одберете одговор што најмногу одговара.


3. Внесете го користењето на енергија

За да го комплетираме вашиот енергетски профил, треба да знаеме колку енергија употребувате. Од вас ќе се бара да ги наведете пресметковниот период (billing period) од вашата сметка за енергија и просечната дневна потрошувачка (average daily use). Просечната дневна потрошувачка ќе ја најдете близу графиконот на вашата сметка. Тоа ќе биде бројка во MJ (мегаџули) за гас и во kWh (киловатчасови) за струја. На пример, вашата просечна дневна потрошувачка може да биде 300MJ за гас во зима, 50MJ за гас во лето или 10kWh за струја.


4. Разгледување на достапни понуди

Сега ќе може да ги разгледате понудите за енергија што ви се достапни, поредени според процена на годишната цена. Од тука списокот може да го споредувате, филтрирате и приспособувате.

Совет: Зошто е тоа годишна цена, а не цена на сметка? Дадена е процена на годишна цена затоа што се земаат предвид промените во користењето на енергијата во зависност од времето во годината. Исто така, некои понуди се пресметани на месечно ниво, а други на три месеци, па затоа наведувањето на проценети годишни цени го олеснува споредувањето на понудите.


5. Споредба на најдобрите понуди

Откако сте ги одбрале понудите што се најдобри за вас, може да ги разгледате една покрај друга, за подетално да ги споредите карактеристиките на секоја од понудите.

Совет: Каде може да ги видам тарифите (rates)? За да ги видите тарифите во некоја понуда, прегледајте надолу до ‘Offer rates and details’ („Тарифи и детални на понудата“) или одберете ‘View this offer’ („Видете ја оваа понуда“).


6. Контактирајте со продавачот на енергија (retailer)

Откако сте ја нашле најдобрата понуда, лесно е да се смени продавачот на енергија.

Кога сте спремни да се пријавите (sign up), може да ја посетите интернет страницата на продавачот на енергија или да се јавите на телефонот наведен во понудата. Не пропуштајте да го наведете името на понудата, бројот за идентификација на понудата (offer ID) и вашиот поштенски број.

За упатство како да го смените продавачот на енергија, посетете ја нашата страница How to switch.