На оваа страница:
Victorian Energy Compare е бесплатна интернет страница за споредба на цените на енергија на Викториската влада, што ви овозможува да најдете најевтин план за струја или гас за вашето домаќинство или мал бизнис. Интернет страницата исто така може да ја користите за да пресметате колку пари би можеле да заштедите на сметките за енергија ако инсталирате соларни панели.
Со Victorian Energy Compare е лесно да се споредува и да се најде најдобра понуда за енергија. Сè што треба да направите е да одговорите на неколку едноставни прашања за вашето користење на енергија и интернет страницата ќе ви ги покаже најдобрите расположливи понуди врз основа на вашите потреби од енергија.
Натамошни упатства:
Паричната поддршка за заштеда на енергија (Power Saving Bonus) беше програма на владата на Викторија која обезбедуваше исплата од 100 долари за справување со трошоците за живот и намалување на сметките за енергија за жителите на Викторија на кои им беше потребна помош. Примањето нови барања за Програмата за парична поддршка од 100 долари заврши на 31 март 2026 година.
За да им помогне на домаќинствата кои имаат важечка картичка за попуст да пристапат до парична поддршка од 100 долари за заштеда на енергија, владата на Викторија соработуваше со Neighbourhood Houses Victoria, партнерите од Energy Assistance Program - Anglicare Victoria и Cohealth - за да обезбеди поддршка во заедницата на ниво на целата држава. Поддршка за поднесување барања преку телефон беше обезбедена и преку телефонската линија за помош на Victorian Energy Compare.
Да. Ако сте го поднеле вашето барање до 23:59 часот на 31 март 2026 година и ги исполнувате условите (вклучително и тоа претходно да не сте поднеле барање), сепак ќе ја добиете вашата парична поддршка од 100 долари.
Доколку поднесовте барање со помош од партнер за теренска поддршка во заедницата и треба да контактирате со нив во врска со вашето барање, јавете се на телефонската линија за помош на Victorian Energy Compare на 1800 000 832. Повеќе информации за Паричната поддршка од 100 долари за заштеда на енергија се достапни тука.